Короната и воената интервенција на Русија во Украина која предизвика нови економски текови се чини како воопшто да не ги погоди богатите. Вистински пример за тоа е Rolls-Royce кој како и останатите ултра луксузни производители забележаа раст на продажбата во текот на минатата година.
Како што покажуваат официјалните податоци, во текот на целата мината година, овој прозиводител успеа да испорача 6.021 нов автомобил што претставува пораст од 8% во однос на 2021 година.
Со ова, Rolls-Royce постави нов рекорд во однос на продажбата и за прв пат во својата историја успеа да испорача над 6 илјади автомобили во една календарска година. Задоволството од овој одличен успех не го криеше Извршниот директор на Rolls-Royce Motor Cars кој меѓудругото изјави дека компанијата и натаму ќе продолжи кон исполнување на очекувањата и задоволството на своите клиенти, а очекува успешната година да ја повторат и во 2023 година.
Сите овие возила производителот ги исача во повеќе од 50 земји, но и натаму најзначаен пазар останува американските каде како и во Европа и Азија е забележан раст на продажбата.