Се е подготвено за новата, шеста генерација од моделот Espace, соопштуваат од Renault. Ова, францускиот производител го потврди со објавување на краткото тизер видео на својот YouTube канал.
При тоа, француските медиуми објавија дека премиерата ќе се случи оваа пролет кога ќе бидат објавени и сите технички карактеристики. Една од нив е и тоа дека ќе дојде во целосна електрична изведба што може да се увиди и од потенцираната буква “Е“ на крајот на називот „ESPACE“.
Инаку Renault, овој модел во М сегментот за прв пат го воведе во 1984 година кога ја претстави и првата генерација на овој модел. Тогаш популарниот сегмент, беше во целост владеен од француските производители, а моделот Espace и во наредните генерации беше еден од најпродаваните во својот сегмент.
Актуелната 5-та генерација датира уште од 2015 година. Се базира на CMF платформата и е со должина од 4.878 мм колку што отприлика се очекува да биде и новата генерација.