More
    HomeГаражаШто е привремен увоз на автомобили?

    Што е привремен увоз на автомобили?

    Објавено на

    Во македонскиот царински ситем покрај класичниот увоз на автомобили постои и т.н. привремен увоз на автомобили односно транспортни средства.

    Привремен увоз е царинска постапка со економски ефект која овозможува употреба на странска стока во царинското подрачје, со целосно или делумно ослободување од плаќање на увозни давачки и без примена на мерки на трговска политика, ако истата е наменета за повторен извоз во непроменета состојба.

    За правна основа во поглед на привремениот увоз е земена Конвенцијата за привремен увоз попоозната и како Истанбулска Конвенција. Истата е инкорпорирана и во Царинскиот закон (членови 150, 151, 152, 153, 154, 156 и 157) како и во Уредбата за спроведување на царинскиот закон.

    Привремен увоз на транспортни средства, со целосно ослободување од увозни давачки, може да се одобри кога тие се регистрирани надвор од царинското подрачје на име на лице со седиште или живеалиште надвор од царинското подрачје, се употребуваат од лице со седиште или живеалиште надвор од царинското подрачје и во случај на комерцијална употреба се употребуваат исклучиво за транспорт кој започнува или завршува надвор од царинското подрачје.

    Рокот за привремениот увоз е 6 месеци во период од 12 месеци.

    Лица со седиште во царинското подрачје целосно се ослободуваат од плаќање на увозни давачки кога употребуваат транспортни средства во итен случај и не подолго од 5 дена или се употребуваат од друштво за изнајмување за повторен извоз во рок не подолг од 5 дена.

    Физички лица со живеалиште или одобрен престој во царинското подрачје целосно се ослободуваат кога приватно повремено употребуваат транспортни средства, по упатства на носителот на регистрацијата кога тој во моментот на употребата се наоѓа во царинското подрачје.

    Овие лица исто така целосно се ослободуваат од увозни давачки за приватна употреба на транспортни средства изнајмени врз основа на писмен договор со цел да се вратат во нивното место на живеење во Република Северна Македонија (рок 5 дена) и да ја напуштат територијата на Република Македонија (2 дена), врз основа на писмен договор за промена на местото на живеење.

    Привремен увоз со целосно ослободување од увозни давачки се одобрува на патнички моторни возила кои комерцијално или приватно ги употребува физичко лице со живеалиште или одобрен престој на царинското подрачје и вработено од сопственикот на транспортните средства со седиште надвор од царинското подрачје или на друг начин овластен од сопственикот. Приватната употреба треба да биде предвидена со договорот за вработување.

    Во случај на комерцијална употреба, рокот за завршување е времетраењето на комерцијалната употреба, а во случај на приватна употреба, рокот за завршување е 6 месеци во период од 12 месеци.

    Повеќе за привремениот увоз може да прочитате ТУКА.

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Зошто НАТО ја бомбардираше фабриката на Застава?

    Во ексклузивното интервју кое го спроведе АутоКлуб со господинот Тома Савиќ, поранешниот директор на...

    Погребани заедно со СССР: Напуштени проекти на советски автомобили

    Russia Beyond на македонси, објави интересна статија поврзана со развојот на автомобилите во поранешниот...

    Видео за сите љубители на Bburago количките од 90-те

    Малите метални колички кои ги произведува Bburago веќе со децении се симбол на секое...

    Погледнете колку Skoda Octavia може да помине со 1 литар гориво (ВИДЕО)

    Екипата на Car Throttle направи невообичаен тест со цел да одговори на прашањето колку...

    СЛИЧНИ ОБЈАВИ

    Зошто НАТО ја бомбардираше фабриката на Застава?

    Во ексклузивното интервју кое го спроведе АутоКлуб со господинот Тома Савиќ, поранешниот директор на...

    Погребани заедно со СССР: Напуштени проекти на советски автомобили

    Russia Beyond на македонси, објави интересна статија поврзана со развојот на автомобилите во поранешниот...

    Видео за сите љубители на Bburago количките од 90-те

    Малите метални колички кои ги произведува Bburago веќе со децении се симбол на секое...