Во минатата година патарините на територијата на Македонија успеале да наплатат 53,2 милиони евра што претставува одличен финансиски резултат. Како што информираат од ЈП Државни Патишта, во 2022 година е остварено зголемување на приходот од наплата за 6,6 милиони евра.
Податоците покажуваат дека најголем приход остварила патарината кај Романовце и тоа од 400.174.788 денари што е околу 6,5 милиони евра. Следи патарината кај Миладиновци со над 4,3 милиони евра и Глумово која инкасирала близу 4.2 милиони евра.
Од ЈП Државни Патишта наведуваат дека зголемување на приходите има и од електронската наплата, но и покрај тоа граѓаните и натаму најчесто патарините ги плаќаат во готовина, која опфаќа над 55% од плаќањата.