Со децении наназад пракса е германските производители на автомобили да исплаќаат годишни бонуси на своите вработени. Износот и висината најчесто ја објавуваат во текот на март, а постои и еден вид на ривалитет во поглед на висината, во однос на другите германски производители.
И официјално е потврдено дека Porsche на своите вработени ќе им исплати бонуд ос 9.050 евра, а овој бонус ќе биде исплатен на 27 илјади работници. Ова претставува зголемување од 1.150 евра во однос на претхдоната година кога работниците добија 7.900 евра.
Висината на бонусите ги објавија и останатите германски производители. Така оние кои работат за Volkswagen ќе добијат 3.630 евра. Работниците на Mercedes ќе добијат по 7.300 евра, на Audi 8.500 евра, а по Porshce нај дарежливи се во BMW чии работници ќе добијат по 9.000 евра.