More
    HomeАуто МиксИнтересноДали Југо е навистина најлошиот автомобил во историјата?

    Дали Југо е навистина најлошиот автомобил во историјата?

    Објавено на

    BBC во 2015 година и познатиот авто магазин Autotrader година подоцна го прогласуваат овој автомобил за најлош во историјата. И двата медиуми се повикуваат на искуствата на Американците, лошиот квалитет и недостапноста на сервисната мрежа во прогласувањето на овој автомобил.

    Во Америка кружат најразлични шеги и искуства кои се однесуваат на Југо. Сепак тоа е и сосема нормално. Во психологија на луѓето особено оние од развиените земји најевтините работи да ги гледаат како неквалитетни и недостојни. Така и во земјите од регионот владее перцепцијата дека Дачија е најлошиот и најнеквалитетниот автомобил. Тоа е така поради тоа што долго време автомобилите во понудата на Дачија се најевитни во својот пазарен сегмент.

    Токму на ист начин и Американците го земаа на пик Југото па врз основа на него создадоа најразлични шеги на сметка на југословенската гордост. Американците го критикуваа едноставниот и помалку застарен дизајн како и старата Фијатова технологија која беше составен дел од овој автомобил.

    Related image
    Најпознатата реклама за Југо во САД (Извор: Југо)

    Можеби не беше на ниво на автомобилите на Ford, Chevrolet, Toyota, но не беше и толку лош. Ова може да се заклучи од истражувањето спроведено од страна на Popular Mechanics, a објавено во јуни 1987 година. Во истражувањето насловено како “Сопствениците на Југо си го сакаат својот автомобил”, авторите ги резимираат резултатите од анкетата.

    На прашањето “Дали би купиле Југо повторно?”, 42.4% од испитаниците одговориле позитивно, 36% се изјасниле со одговор можеби, но само 21.6% со негативен одговор. Мнозинство од испитаниците се изјасниле дека овој автомобил има добра комфорност како на предните седишта така и на задните клупи. Сепак најголем дел од испитаниците своето незадоволство го должат на лошата услуга од овластените сервисери.

    File:Red Yugo GVX.jpg
    Yugo GVX на улиците во САД (Извор: Wikpedia)

    Џејсон Вујиќ американец од југословенско потекло кој предава европска историја на колеџот Бриџвотер е автор на најпознатата книга за Југо, “The Yugo – The Rise and Fall of the Worst Car in History” во интервју за српска Политика на прашањето дали Југо е навистина најлош автомобил во историјата одговора дека тоа не е така иако Американците тоа го мислат. “Не, секако не. Но Американците навистина мислат дека е така и тоа го покажуваат во секоја прилика: во разни анкети кога се зборува за квалитетот на автомбилите, во радио и телевизиски емисии, во авто магазини. Во нашата (Американската) митологија и културен лексикон, Југо е најлошиот автомобил во историјата” кажа Вујиќ.

    Тома Савиќ, поранешниот заменик директор на Застава и човек кој директно беше вклучен во извозот на Југо во САД, во однос на ова прашање вели дека најголем дел од луѓето кои гласале дека Југо е најлошиот автомобил всушност и не биле сопственици. Оттука не е можно да се даде заклучок за нешто што го немаме едноставно испробано. “На пример, иста титула Југо доби и во Австралија каде воопшто немаше наш извоз” додава Савиќ.

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Зошто НАТО ја бомбардираше фабриката на Застава?

    Во ексклузивното интервју кое го спроведе АутоКлуб со господинот Тома Савиќ, поранешниот директор на...

    Погребани заедно со СССР: Напуштени проекти на советски автомобили

    Russia Beyond на македонси, објави интересна статија поврзана со развојот на автомобилите во поранешниот...

    Видео за сите љубители на Bburago количките од 90-те

    Малите метални колички кои ги произведува Bburago веќе со децении се симбол на секое...

    Погледнете колку Skoda Octavia може да помине со 1 литар гориво (ВИДЕО)

    Екипата на Car Throttle направи невообичаен тест со цел да одговори на прашањето колку...

    СЛИЧНИ ОБЈАВИ

    Зошто НАТО ја бомбардираше фабриката на Застава?

    Во ексклузивното интервју кое го спроведе АутоКлуб со господинот Тома Савиќ, поранешниот директор на...

    Погребани заедно со СССР: Напуштени проекти на советски автомобили

    Russia Beyond на македонси, објави интересна статија поврзана со развојот на автомобилите во поранешниот...

    Видео за сите љубители на Bburago количките од 90-те

    Малите метални колички кои ги произведува Bburago веќе со децении се симбол на секое...