ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција во текот на минатата недела санкционираа 225 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот на територијата на Општина Центар.
Како што велат оттаму, во периодот од 20.03.2023 до 26.03.2023 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 130 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 95 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.
„ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар“ стои во соопштението обавено од страна на Општина Центар.