More
    HomeАуто МиксНе е Босанец ако не сака Голф - зошто е тоа така?

    Не е Босанец ако не сака Голф – зошто е тоа така?

    Објавено на

    Не треба многу време да се вози по улиците во Босна и Херцеговина за да се види доминацијата на Volkswagen Golf. Може да се сретнат од сите енерации, но не треба да ве изненадат и бројните двојки и тројки. Оттука со право се вели дека овој автомобил е далеку најпопуларен помеѓу возачите во оваа земја. Зошто е тоа така?

    Причината потекнува нешто повеќе од четири децении, а најголема вина има TAS или Tvornica Automobila Sarajevo. Во оваа фабрика која е основана по втората светска војна, се произведуваат најразлични компоненти за автомобили, а од 70те години по лиценца на Volkswagen и повеќе модели на овој бренд, а најголем дел од нив Golf.

    Фабриката вработувала неколку илјади лица, а сите тие имале поволности при купување на нов автомобил. Исто така, благодарение на евтините кредити, многу Босанци ја дале довербата на Golf наместо на Zastava или Renault кој во тоа време се произведувал во Словенија.

    Друга причина е и локал патриотизмот, па така доколку во Копер и околината царувале Renault автомобили, а во Шумадија, Zastava, Сарајевчаните, во прв ред, биле верни на своето производство.

    Токму на оваа тема, 12 минутен прилог објави и регионалната N1 телевизија, прилог кој може да го погледнете во продолжение.

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Зошто НАТО ја бомбардираше фабриката на Застава?

    Во ексклузивното интервју кое го спроведе АутоКлуб со господинот Тома Савиќ, поранешниот директор на...

    Погребани заедно со СССР: Напуштени проекти на советски автомобили

    Russia Beyond на македонси, објави интересна статија поврзана со развојот на автомобилите во поранешниот...

    Видео за сите љубители на Bburago количките од 90-те

    Малите метални колички кои ги произведува Bburago веќе со децении се симбол на секое...

    Погледнете колку Skoda Octavia може да помине со 1 литар гориво (ВИДЕО)

    Екипата на Car Throttle направи невообичаен тест со цел да одговори на прашањето колку...

    СЛИЧНИ ОБЈАВИ